Надзорните снимки и повикот на 911 го откриваат хаосот што настанал кога 11-годишно момче застрела две 13-годишници на фудбалски тренинг во Флорида.

Момчето трча кон автомобилот, зема пиштол и почнува да пука, пренесува NBC Miami, а на видеото се јасно се гледа.
Мајката на едно од ранетите момчиња по инцидентот очајно повикала помош. Можете да ја слушнете паниката во нејзиниот глас на повикот на 911.
- Мојот син беше застрелан! Мојот син, позади – се слуша како вели мајката.
Началникот на полицијата Мајк Мекинли изјави за случајот што го потресе светот од понеделникот дека момчето отишло до автомобилот на мајка си и грабнало необезбеден пиштол пред да застрела едно 13-годишно дете во рамото, а друго во торзото.
Двајцата тинејџери се пренесени во блиската болница и се во стабилна состојба. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од втор степен.
Мекинли рече дека младите луѓе си ги уништуваат животите обидувајќи се да ги решат своите проблеми со оружје.
И мајката на осомниченото момче се соочува со тужби за оставање на пиштолот на пристапна локација.
- Ахмети: ДУИ ги обликува новите генерации, јас нема да бидам лидер, туку ќе станам ветеран
- Оваа земја има повеќе злато од Европската централна банка
- Првпат во светот на свингерите: Пар открива шокантни детали – искуства од прва рака
- Пронајден починат 46 годишен битолчанец во апартман во Дојран – наредена е обдукција
- Google ги тужи кинеските хакери кои го користеле Gemini за да измамат луѓе


