Кон крајот на септември, ловец на алигатори во Јужна Каролина фатил примерок од три метри, а потоа се пофалил со него на Фејсбук.
Сепак, вниманието не го привлече должината на предаторот, туку она што беше пронајдено заглавено во неговите смртоносни вилици.
„Ова беше залак“, напишал ловецот покажувајќи фотографија од долната вилица на чудовиштето.
Во нив ги гледаме роговите на белоопашест елен, со кој алигаторот очигледно се борел во текот на целиот свој живот.
„Веруваме дека роговите биле во вилиците шест месеци или помалку. Беа заглавени додека тој го џвакаше пленот“, објаснил мажот.
Тој додава дека видел многу чудни работи во природата, но никогаш ништо вакво, пренесува Yahoo News.
„Ова ја покажува деструктивната моќ на алигаторите кои се обидуваат да јадат и рогови. Претпоставувам дека еленот пиел вода, а предаторот искочил и го грабнал“, рекол ловецот.
- Иранскиот ријал падна на историски минимум, потребни се речиси 2,7 милиони за долар
- Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција
- Политиката скапо се плаќа: Рејтингот на Трамп падна на рекордно ниско ниво поради војната со Иран, мнозинството гласачи се лути поради цените
- Бен Афлек за поранешната сопруга Џенифер Гарнер: Таа и Кери Вашингтон се сродни души, би сакал да соработувам со неа
- Шкорпијата открива голема семејна тајна во октомври
Одделот за природни ресурси во Јужна Каролина одржува годишна сезона за рекреативен лов на големи влекачи од 2008 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



