Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,2 милијарди шведски круни (200 милиони долари), објавија вчера локалните медиуми.
Пакетот ги вклучува главно многу потребните артилериски гранати, како и резервни делови за тешки оклопни борбени возила ЦВ-90, објави телевизијата СВТ, истакнувајќи дека земјата веќе испратила воена помош во вредност од 1,81 милијарда долари за Украина.
Во средата, на Форумот за безбедност во Варшава, претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, предупреди дека залихите на муниција во Европа се при крај поради големите количества воена помош што одат за Украина.
„Дното на бурето сега се гледа и индустријата треба да го зголеми производството со многу побрзо темпо. Ни требаат големи количини“, рече тој.
- Ѓорѓиевски; Потребни се строги контроли и инспекции, за да не се повтори сликата од невремето
- Новите царини на Трамп го брануваат светот, само за Србија нема царини од САД
- Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците
- Вработен во Центар за вработување излажал корисник на социјална помош и си присвоил 18.000 денари
- Пукна љубовта меѓу Вашингтон и Киев?
Шведскиот министер за одбрана Пал Хонсон објави дека се размислува за трансфер на борбени авиони ЈАС-39 Грипен во Украина.
Тој додаде дека надлежните воени и одбранбени органи ќе бидат задолжени да ја испитаат оваа можност и нејзините потенцијални последици.
Пронајдете не на следниве мрежи:



