Руската платеничка група „Вагнер“ подготвувала државен удар во Молдавија, изјави шефицата на молдавската држава Маја Санду во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Според неа, планот вклучувал поткуп на гласачи и предизвикување насилство за време на антивладини протести.

– Ситуацијата е навистина драматична и мораме да се браниме, наведе Санду, без да прецизира кога бил планиран обидот за државен удар.
Санду посочи дека парите биле тајно испратени од Русија до Молдавија делумно преку курири, а делумно преку банкарски сметки во Дубаи.
На почетокот на годината имаше предупредувања за државен удар во Молдавија. Во март, владата во Кишињев соопшти дека уапсила платеник на „Вагнер“.
- Зошто не е препорачливо патниците да менуваат седишта во авион по сопствена иницијатива
- Трамп го одби иранскиот план за Ормутскиот теснец, Техеран: Само преговори можат да ја прекинат кризата
- Најхрабриот хороскопски знак: Кога сите се откажуваат, Бикот тогаш почнува
- Дали ве боли грбот пред менструацијата? Ова се најчестите причини
- Бебе Реџа го привлече целото внимание на доделувањето на MTV VMA наградите во проѕирна чипка и чизми над колена (фото)
Платеничката група „Вагнер“ долго време се бореше заедно со руската армија во Украина. Поранешниот сопственик на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, подоцна го критикуваше руското воено раководство и во јуни организираше обид за бунт против руските власти, но истиот ден се откажа од своите планови. Два месеци подоцна, авионот на Пригожин се урна за време на летот Москва – Санкт Петербург под неразјаснети околности.
Пронајдете не на следниве мрежи:



