ВОЈНА ВО ИЗРАЕЛ! Нова група на Хамас упадна во градот Сдерот, пукањето е во тек, убиени 161 Палестинец!

Рано утрово беа извршени масовни ракетни напади на територијата на јужен и централен Израел, а одговорноста за нападите ја презеде палестинската фундаменталистичка групација Хамас. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата е во војна.

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет пристигна на местото за мобилизација каде се дели оружје на Израелците.

Со мопеди ги носи директно во Палестина, а досега 50 Израелци се заробени и се чуваат во зграда во Кибуц Бера, пренесува Канал 13.

Погледнете ги последиците од израелскиот воздушен напад во Појасот Газа:
Војниците на Хамас земаат заложници во Појасот Газа

Палестинците заплениле израелски тенкови!

САД ќе се погрижат Израел да го има она што му треба
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Вашингтон ќе се погрижи Израел да добие се што му е потребно за да се брани.

  • Внимателно ги следам настаните во Израел. Нашата посветеност на правото на Израел да се брани е непоколеблива, и јас им изразувам сочувство на семејствата на оние кои ги загубија животите во овој грозоморен напад врз цивили. Во наредните денови Министерството за одбрана ќе работи на тоа Израел да го има она што му е потребно за да се одбрани и да ги заштити цивилите од неселективно насилство и тероризам – изјави Остин, пренесува британски Гардијан.

Бројот на ранетите Израелци достигна 779, јавуваат медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.