Погодија во тенк, па го влечеа војникот за нозе – крајно вознемирувачки сцени од Израел (ФОТО+ВИДЕО)

За време на голем напад на Хамас врз Израел рано утринава, еден тенк Меркава IV беше уништен, додека најмалку еден член на екипажот беше заробен.

Погодија во тенк, па го влечеа војникот за нозе – крајно вознемирувачки сцени од Израел (ФОТО+ВИДЕО)

Засега не е утврдено како е уништен тенкот, но се споменува можност да биде погоден од противтенковска наведувана граната.

На социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) беше објавено видео од фаќањето на членот на екипажот.

Потсетуваме, припадници на Хамас од Појасот Газа денеска влегоа на југот на Израел и истрелаа илјадници ракети во таа земја.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ова не е операција, туку војна.

Тој дал инструкции за „исчистување на населбите од терористи кои се инфилтрирале“.

Тој додава и дека наредил опсежна мобилизација на резервниот тим.

  • Непријателот ќе ја плати цената како никогаш досега – рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: