Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска оцени дека конфликтот меѓу Хамас и Израел е во корист на Русија бидејќи, како што наведе, го одвлекува вниманието на меѓународната јавност од руската агресија врз Украина.

Во интервју за Polsat News, Дуда рече дека конфликтот на Блискиот Исток може да резултира со нови миграциски притисоци врз Европа, пренесува Reuters.
- Тоа секако е од корист за Русија и руската агресија против Украина. Тоа го одвлекува вниманието на светот… Но, пред се, се плашам дека, за жал, ќе предизвика дополнителен миграциски притисок врз Европа – изјави Дуда.
- Бебе Реџа го привлече целото внимание на доделувањето на MTV VMA наградите во проѕирна чипка и чизми над колена (фото)
- НАТО: Кога постојат докази за руска саботажа, европските држави треба јавно да ја посочат Москва
- Гласањето за Златната топка е завршено: Еве ги проекциите, Кејн има 50 проценти шанси
- Ова овошје е најлошо за цревата
- Еден хороскопски знак наскоро би можел да ја сретне личноста што ќе му го промени животот
Тој оцени дека најверојатно ќе има уште еден мигрантски бран од Блискиот Исток, кој ќе ја погоди Европа.
– Нашата безбедност, заштитата на полските граници, се разбира, и границите на Европската унија и Шенген зоната стануваат уште поважни – рече претседателот на Полска.
Пронајдете не на следниве мрежи:


