Кога била избрана за дополнителен преглед по пристигнувањето на аеродромот „Минеаполис-Сент Пол“ на 29 септември, патничката сама пријавила дека има мала кутија со измет.
Жената им кажала на цариниците дека имала намера да направи ланче од изметот, бидејќи веќе имала накит од измет од лос. Стручњаци од Агенцијата за земјоделство потоа ја заплениле малата кутија и го уништиле изметот од жирафа, соопшти Царината на САД.
– Постои реална опасност од внесување фекални материи во САД… Доколку личноста влезеше во САД и не пријавеше што донела, многу веројатно би се разболела од таков накит, со опасност од сериозни здравствени проблеми, изјави одговрниот за царина и гранична заштита на Чикаго, Лафонда Д. Сатон-Бурк.
Африканска свинска чума, класична свинска чума, Њукаслова болест, шап и лигавка и свинска везикуларна болест се дел од заболувањата во Кенија кои Царината ги наведе како опасност од внесувањето измет.