Една од целите на Израел во конфликтот со борците на Хамас е да ја собори таа екстремистичка организација од власт во Појасот Газа, објави денеска портпаролот на израелската војска Јонатан Конрикус.

Со таа изјава тој откри многу повеќе од премиерот Бенјамин Нетанјаху на социјалната мрежа Икс (Твитер), наведува АП.
Во неделата, Нетанјаху му рече на кабинетот задолжен за безбедност дека одлучил да го оневозможи Хамас да владее на начин што претставува закана за израелските цивили.
Да потсетиме дека бројни американски претставници очекуваат Израел да изврши копнена инвазија на Газа во следните 48 часа.
- Гласањето за Златната топка е завршено: Еве ги проекциите, Кејн има 50 проценти шанси
- Ова овошје е најлошо за цревата
- Еден хороскопски знак наскоро би можел да ја сретне личноста што ќе му го промени животот
- Спејс Икс ја лансира најголемата и најмоќна ракета во светот
- Руслана ја испеа „Lane moje“ и стана предмет на исмејување: Гледачите не ја поштедија (видео)
Илјада активисти на Хамас учествуваа во првичниот напад без преседан врз Израел, рече Конрикус.
– Тоа е убедливо најлошиот ден во историјата на Израел – рече портпаролот.
Синоќа израелските воздухопловни сили продолжија со нападите врз Појасот Газа, а мета беа командни центри и згради во кои се сместени оперативците на Хамас, меѓу другото.
Рано утринава на периферијата на Појасот Газа се огласија сирени за предупредување за ракети, но нема потврда за ракетни напади, јавуваат израелските медиуми.
Во меѓувреме, се уште траат битките со милитантите на Хамас кои се инфилтрираа преку границата во шест населени области.
Ова го потврди главниот воен портпарол контраадмирал Даниел Хагари.
Пронајдете не на следниве мрежи:


