Израелската армија најавува дека ќе изврши еден од најголемите воздушни напади досега врз Хамас во опколениот Појас Газа.
Израелските медиуми објавија и дека Израел погодил 1.000 цели во Газа, додавајќи дека армијата најавила дека ќе продолжи со воздушните напади врз Газа, дури и по цена да им наштети на израелските затвореници во енклавата.
- Хил: Конечната одлука за експлоатација на литиум ќе ја донесат граѓаните на Србија
- Ахмети: Не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада, ние не сме резервна гума
- Путин и Си: Русија и Кина ќе придонесат за мирот и стабилноста на планетата
- Германија: Иран ризикува, може да го разгори целиот регион
- Ќерката на Брус Вилис објави фотографија со нејзиниот татко: Многу го сакам овој човек
Нетанјаху: Почнавме, Израел ќе победи
Ова вклучуваше воздушни напади кои израмнија голем дел од градот Беит Ханун во североисточниот агол.
- Ние почнавме. Израел ќе победи – изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Израел го бомбардира Појасот Газа со воздушни напади, погодувајќи станбени згради, џамии, универзитет, болница и телекомуникациска компанија, јавува дописникот на Ал Џезира.
– Израелските беспилотни летала продолжуваат да летаат над опколената крајбрежна енклава додека од урнатините на уништените згради се издигнуваат облаци чад – изјави Тарек Абу Азум.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.