Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека бројот на загинати Палестинци од почетокот на конфликтот со Израел денеска се искачи на 788, додека околу 4.100 луѓе се ранети. Во соопштението се прецизира дека во израелските напади врз Појасот Газа загинале 770 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети.

Мнозинството, како што велат, се деца и жени, а се очекува бројот на загинати и ранети да расте, пренесува палестинската агенција ВАФА.
- Спејс Икс ја лансира најголемата и најмоќна ракета во светот
- Руслана ја испеа „Lane moje“ и стана предмет на исмејување: Гледачите не ја поштедија (видео)
- Цената на златото нагло падна на најниско ниво од август годинава!
- Реакцијата на пејачката за време на доделувањето на MTV VMA наградите привлече внимание: Дали мислеше на Тејлор Свифт?
- Овие три хороскопски знаци се особено склони кон љубомора: Тие бараат посебно внимание во врската
Министерството наведува дека во нападите на израелската армија на Западниот Брег загинале 18 лица, меѓу кои и три малолетни лица, а околу 100 се повредени.
Судирите започнаа во саботата наутро кога палестинското милитантно движење Хамас изврши воздушен, морски и копнен напад врз Израел, кој жестоко возврати.
Пронајдете не на следниве мрежи:


