Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, соопшти утринава израелската армија, а пренесува Sky News.

Британската телевизија ја пренесе изјавата на неименуван портпарол на израелските вооружени сили дека во последните 24 часа немало дополнителни упади на припадници на палестинската екстремистичка организација Хамас, ниту пак биле пронајдени нови прекугранични тунели.
Скај њуз наведува дека оваа објава уследи по вчерашниот брифинг на армијата дека има индиции дека борбите со Хамас се водат во најмногу осум области на израелската страна на границата.
- Спејс Икс ја лансира најголемата и најмоќна ракета во светот
- Руслана ја испеа „Lane moje“ и стана предмет на исмејување: Гледачите не ја поштедија (видео)
- Цената на златото нагло падна на најниско ниво од август годинава!
- Реакцијата на пејачката за време на доделувањето на MTV VMA наградите привлече внимание: Дали мислеше на Тејлор Свифт?
- Овие три хороскопски знаци се особено склони кон љубомора: Тие бараат посебно внимание во врската
Се вели дека ако ова тврдење на израелските одбранбени сили (ИДФ) е точно, тоа би значело дека борците на Хамас се целосно вратени во Појасот Газа.
Портпаролот на ИД, како што е официјалното име на израелската армија, рече дека нејзините војници моментално поставуваат мини во деловите на граничната ограда низ која Хамас проби во саботата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



