Клариса Вард, долгогодишна репортерка на CNN, известуваше во живо од Израел во момент кога ракета истрелана од Хамас прелета над неа и над снимателската екипа.
Камерманот успеал да го сними целиот тим како трча по засолниште со панцир со натпис „PRESS“, додека во позадина се слушаат експлозии.
„Момци, дали нè слушате ? Дали сте свесни за нашата ситуација ?“, го праша Клариса Вард преку микрофонот дислоцираниот продукциски тим, по што таа одговори да остнат безбедни и да се засолнат.
Само една минута подоцна, Клариса Вард им се извини на гледачите за „недоволно елегантната“ поза во која им зборуваше и прилично присебна со оглед на ситуацијата во која се наоѓаше. Таа започна да објаснува што се случува моментално во непосредна близина на границата со Појасот Газа, а целиот тој момент можете да го погледнете подолу.
„Ракетите на Хамас само ни прелетаа над главите, поради што моравме да се сокриеме во ендек покрај блискиот пат. Она што не утешува е фактот што се слуша и израелската Армија, што значи дека работат на пресретнување на истреланите ракети“, објаснува таа, додавајќи дека таа и нејзиниот тим на камермани се на неполни пет минути од граничниот премин.
- Службеник од Прилеп фатен како зема поткуп
- Клековски: Околу 4.000 заболени во Гостивар, бројот на нови случаи опаѓа, но водата сè уште не е безбедна
- За трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, а 160 за бубрези
- Храна што го намалува „лошиот“ холестерол: Јадете ја секој ден и вашето срце ќе ви биде благодарно
- Шокирајте го вашиот партнер во кревет: Совладајте опасно добра вештина за која сите молчат
Тие заминале таму бидејќи областа беше првата точка на крвавата кампања на борците на Хамас овој викенд.
„Дојдоа со теренци и шират смрт насекаде“, вели таа покажувајќи го контроверзниот теренец што во меѓувреме го заплениле израелските сили.
Клариса Вард е наградувана британско-американска новинарка која за време на нејзината долга кариера како меѓународна репортерка, во многу наврати се нашла во слични ситуации опасни по живот. Таа беше во Украина на самиот почеток на руската инвазија, а за време на директен пренос за CNN, го прекина известувањето за да им помогне на Украинците да се евакуираат на безбедно. Во август 2021 година, таа известуваше во живо од Авганистан како го пренесува статусот на правата на жените во таа земја откако Талибанците ја презедоа власта.
Пронајдете не на следниве мрежи:



