Најмалку 260 тела се пронајдени на место на музички фестивал во Израел по нападот во саботата од страна на палестинската исламистичка организација Хамас од Појасот Газа.
Исламистите пукале во луѓето кои ги затекнале на местото каде се одржувал фестивалот, а некои биле убиени при обидот да побегнат.
Израелските безбедносни служби пронајдоа и снимка од уништен автомобил на која се гледа што се случува во пустината недалеку од границата со Газа.
- (Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот
- Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружје
- Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентност
- Делови од Општина Центар утре без вода
- Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет
Вознемирувачко видео од автомобилот од камера на шофершајбната, покажува обид за бегство на еден учесник на фестивалот. По нешто повеќе од 15 секунди од снимката, човекот е пречекан од првиот милитант на Хамас, кој почнува да пука во автомобилот. Изгледа дека возачот некако успеал да ги избегне куршумите, но набрзо пред неговиот автомобил се појавуваат нови напаѓачи и немало спас за него.
Пронајдете не на следниве мрежи:



