Поранешната ѕвезда на НФЛ Серџо Браун е уапсен под сомнение дека ја убил својата мајка.
Браун исчезна по смртта на неговата мајка, но полицијата го пронајде и го уапси по повеќенеделна потрага. Овој 35-годишен спортист е уапсен во Сан Диего при влез во Америка од Мексико.
Неодамна случајно беше откриено дека се забавувал во ноќен клуб во Мексико, во моментот кога по него била распишана потерница.
- Луфтханза купува дел од португалскиот авиопревозник ТАП
- ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА: Техеран размислува за превентивен напад врз САД и Израел, иранските власти убедени дека следува нов американски удар
- Бугарија одбива да ја екстрадира Ива Михајлова во Северна Македонија, непознато е како стигнала до Софија
- ФБИ со честитка до МВР за акцијата против ОЛВХ: Платформата ја загрозуваше безбедноста на илјадници американски граѓани
- НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди трговски брод во романски територијални води, избувнал пожар по силна експлозија
73-годишната мајка на Серхио е пронајдена мртва под мистериозни околности. Според американските медиуми, телото на Миртл било пронајдено на 16 септември во поток кој тече во близина на куќата во која живеела со синот.
Потрагата ја иницирало семејството по пријавување на исчезнувањето на мајката и синот.
Обдукцијата потврдила дека Миртл починала како последица на нејзините физички повреди.
Серхио Браун ги помина од 2010 до 2016 година во НФЛ. Играше за Њу Ингланд Патриотс, Индијанаполис Колтс, Џексонвил Јагуарс, Атланта Фалконс, Бафало Билс.
Пронајдете не на следниве мрежи:



