Израелската армија нема информации кои ги потврдуваат наводите дека „Хамас обезглавувал бебиња“, изјави за Анадолу канцеларијата на портпаролот на израелската армија.
Се тврдеше дека вооруженото крило на Хамас, бригадите Касам, „обезглавиле многу израелски бебиња“ за време на нападот во саботата рано наутро од Газа.
Кога Анадолу телефонски контактираше со канцеларијата на портпаролот на израелската армија и праша за наводите, одговорот гласеше „Ја видовме веста, но немаме никакви детали или потврда за тоа“.
Ситуацијата ескалираше во Појасот Газа по нападите на палестинската група Хамас. Израел возврати со воздушни напади и ја стави енклавата под целосна блокада.
- (Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот
- Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружје
- Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентност
- Делови од Општина Центар утре без вода
- Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет
Исто така, го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија на Газа, со што се влоши и онака лошата хуманитарна ситуација.
Во насилствата загинаа најмалку 2.100 луѓе, од кои 900 Палестинци и 1.200 Израелци.
Појасот Газа кој е дом на речиси 2,2 милиони луѓе, од 2007 година е под израелска блокада.
Пронајдете не на следниве мрежи:


