Израелскиот министер за енергетика Израел Кац денеска изјави дека Појасот Газа нема да биде снабден со струја и вода додека киднапираните од палестинската милитантна група Хамас не бидат вратени во Израел.

„Хуманитарна помош за Газа? Нема да се вклучи електричен прекинувач, нема да се отвори пумпа за вода и нема да влезе камион со гориво додека киднапираните не се вратат дома“, напиша Кац на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Тој додаде дека Израел на хуманитарноста ќе одговори со хуманитарност.
- Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружје
- Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентност
- Делови од Општина Центар утре без вода
- Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет
- Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за 4,50 денари, бензините поскапи за еден денар
„И никој не може да ни проповеда морал“, рече Кац.
Се проценува дека Хамас киднапирал околу 150 луѓе, а нивниот идентитет се уште не е познат.
Пронајдете не на следниве мрежи:


