ХАМАС ИМ ПОСТАВУВА ЗАМКА НА ИЗРАЕЛЦИТЕ!? Поранешниот шеф на британското разузнавање тврди – Ова е вистинската цел, спремни се за ОПШТ НАПАД

Раководството на радикалното палестинско движење Хамас го провоцира Израел да започне копнена операција во Појасот Газа, што може да резултира со неуспех за Израелците.

Ова мислење го искажа поранешниот шеф на британската надворешна разузнавачка служба МИ6, Алекс Јангер во интервју за Би-Би-Си.

ХАМАС ИМ ПОСТАВУВА ЗАМКА НА ИЗРАЕЛЦИТЕ!? Поранешниот шеф на британското разузнавање тврди – Ова е вистинската цел, спремни се за ОПШТ НАПАД
  • Очигледно е дека Хамас сега всушност му поставува стапица на Израел. Движењето ќе биде задоволно ако Израел изврши целосна копнена инвазија на Појасот Газа, бидејќи тоа ќе доведе до целосно интензивирање на конфликтот, смрт на невини луѓе, радикализација и ќе ги стави сојузниците и партнерите на Израел во регионот во неподнослива позиција . Тоа го сака Хамас – рече тој.
  • Тоа е прашање на реакција. Израел треба да го нападне Појасот Газа за да ја покаже својата намера да ги исполни очекувањата за силен одговор на упадот. Но, во основа нема воено решение за овој проблем. Не можете да ги убиете сите терористи и да избегнете да се појават повеќе терористи. Воените операции од ваков карактер многу ретко успеваат во отсуство на некаква политичка стратегија – рече Јангер.

Ситуацијата на Блискиот Исток одеднаш се влоши по вооружената инфилтрација на милитантите на Хамас од Појасот Газа на израелска територија.

Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата „Железен меч“ против Хамас во Појасот Газа. Неколку дена по нападот, израелската армија ја презеде контролата врз сите населени места во близина на границата со Газа и почна да изведува воздушни напади врз цели во Појасот Газа.

Израел најави и целосна блокада на Појасот Газа: прекинато е снабдувањето со вода, храна, струја, лекови и гориво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.