Велика Британија денеска соопшти дека планира да го зајакне своето воено присуство во Северна Европа, вклучително и распоредување на 20.000 војници во регионот следната година, за да помогне во заштитата на критичната инфраструктура поради зголемените стравувања од руска саботажа.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно се сретна со официјални претставници и шефови на држави на самитот посветен на соработката во областа на одбраната, што се одржува на островот Готланд во Шведска, пренесува Ројтерс.
Британија ќе испрати 20.000 војници, морнари, маринци и пилоти во регионот на Северна Европа, како и осум бродови на Кралската морнарица и група борбени авиони и воени хеликоптери.
- Почина уште еден пациент со западнонилска треска, вкупниот број на жртви е десет
- Нови цени на горивата: Дизелот поевтинува за 4,50 денари, бензините поскапи за еден денар
- Австрискиот парламент одлучува за нова забрана за цените на горивата за октомври и ноември
- Преспанското Езеро порибено со 500 илјади млади крапови
- Министерството за јавна администрација го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слух
Тие ќе учествуваат во вежби заедно со силите на повеќе земји и ќе вршат воздушно извидување.
Група нордиски и балтички држави, како и Холандија и Велика Британија, се состанаа во Шведска на самит посветен на одбранбената соработка, неколку дена откако гасоводот и кабелот за податоци беа оштетени во Финскиот залив.
Финските власти рекоа дека тоа е резултат на „надворешна активност“ што ја поттикна загриженоста во поширокиот нордиски регион.
- Оваа недела видовме уште еднаш дека нашата безбедност не може да се земе здраво за готово. Од клучно значење е да бидеме обединети против оние кои имаат зли намери – рече Сунак, пренесува Танјуг.


