Оваа недела веста која ја објави шпански Мундо Депортиво одекна во светските медиуми. Сауди Ал Наср неодамна беше во Техеран, каде одигра натпревар од азиската Лига на шампиони со домашниот тим Персеполис, а Кристијано Роналдо и ја исполни животната желба на иранската сликарка Фатима.
Фатима е лице со попреченост и голем фан на португалскиот фудбалер кој се дружеше со неа и се фотографираше. Недолго потоа шпанските медиуми пишуваа дека Роналдо прегрнал и бакнал ирански сликар и со тоа ги прекршил строгите закони кои владеат во таа земја и дека во негово отсуство е донесена одлука Португалецот да мора да биде казнет со 99 удари, секако, ако некогаш се врати во Иран.
- „Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми, загинав за Македонија” – Последните зборови на херојот од Љуботенски Бачила
- Двата хороскопски знаци кои ги создаваат најсуровите луѓе
- (ВИДЕО) Трамп не го очекуваше ова: Новинарот ,,го фати” на средина од интервјуто со една реченица, реакцијата кажува сè
- Правилата на играта се менуваат: Што носи „Договорот од Мекка“ и дали сме сведоци на подемот на постамериканскиот безбедносен поредок
- Инвеститорот кој ја предвиде кризата во 2008 година сега предупредува за нов „берзански балон“
Сега иранската амбасада во Шпанија ги отфрли тие тврдења. „Силно го отфрламе тврдењето дека било каква пресуда е донесена против интернационален спортист во Иран. Сакаме да истакнеме како Кристијано Роналдо беше фантастично примен од иранскиот народ и властите. Неговата искрена и хуманитарна средба со Фатима Хамами беше пофалена и од луѓе и спортски функционери во Иран“, се наведува во нивното соопштение за медиумите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



