Музејот Лувр во Париз напладне беше затворен „од безбедносни причини“. Франција е во состојба на готовност еден ден по нападот на исламистите во Арас.
Познатиот париски музеј денеска напладне е евакуиран и ќе остане затворен до крајот на денот поради страв од напад, пишува француски Фигаро.
„Лувр доби писмена порака со предупредување за ризикот за музејот и неговите посетители. Решивме да го евакуираме и да го затвориме за тој ден, додека ги вршиме потребните проверки“, изјави портпаролот на музејот на Твитер.
- ЦУК: Три активни пожари на отворено – во општините Пробиштип, Куманово и Петровец
- Хороскопски знаци кои никогаш не откриваат тајни
- Крадци ја опустошија електровлечната подстаница во Драчево, штетата достигнува пет милиони евра
- Мајката на Ејми Вајнхаус 15 години по смртта на нејзината ќерка: Таа беше жртва на сопствениот успех
- Најновата анализа: Европа плаќа најскапи сметки за енергија – каде е Македонија?
- Гостиварци се уште не можат да ја користат водата за техничка употреба
- Дали ти можеш!? – Оптичка илузија го збунува интернетот: Многумина не успеваат да ги пронајдат четирите жени на цртежот
- Франција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години, како и мобилните телефони во училиштата
- Дали треба да се отстранат бенките како превентивна мерка? Дерматолог открива кога е вистинското време
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин вчера изјави дека Франција ја подигнала безбедносната тревога на највисоко ниво бидејќи „без сомнение“ постои врска меѓу нападот со нож во Арас и ситуацијата на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас.
Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во гимназијата во градот Арас, пред инцидентот извикувал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа. Како што соопштија од полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција.
Претседателот на Франција Емануел Макрон нападот го оцени како акт на варварски исламистички тероризам и додаде дека во текот на денот бил спречен сличен напад во друго училиште во Франција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



