Путин денеска изјави дека Украина, доколку сака да започне преговори со Русија, треба да го откаже указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог.
„Претседателот на Украина издаде указ со кој се забранува водење мировни преговори со нас. На секого, и на самиот себе. Па, како може некој да преговара ако не сака, дури издадоа регулаторен документ кој ги забранува тие преговори – изјави Путин во интервју за кинеската централна телевизија пред неговата посета на Кина.
- Најновата анализа: Европа плаќа најскапи сметки за енергија – каде е Македонија?
- Гостиварци се уште не можат да ја користат водата за техничка употреба
- Дали ти можеш!? – Оптичка илузија го збунува интернетот: Многумина не успеваат да ги пронајдат четирите жени на цртежот
- Франција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години, како и мобилните телефони во училиштата
- Дали треба да се отстранат бенките како превентивна мерка? Дерматолог открива кога е вистинското време
- Американец најден починат во хотелска соба во Скопје
- Седум суптилни знаци дека мажот е тајно заљубен во вас
- Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
- Мистеријата за смртта на човек од кругот на Епштајн: Обдукцијата откри нови детали, истражителите чекаат клучни резултати – познат моден агент пронајден мртов во својот дом
Тој додаде дека украинската страна, доколку сака да започне преговори, прво треба да ја откаже таа уредба.
„И да објават подготвеност за тие преговори. Подготвени сме, вклучително и да ги искористиме предлозите на нашите кинески пријатели – рече Путин.
Тој посочи дека Русија е благодарна на Кина за нејзините напори насочени кон ставање крај на руско-украинската криза.
„Загубите на Украина за време на контраофанзивата во споредба со загубите на руската војска се приближно осум спрема еден. Рекоа дека ќе ја победат Русија и ќе победат на бојното поле, дека стратешки ќе ја поразат Русија. Тие започнаа активни воени операции, т.н контраофанзива. Тоа трае од 4 јуни и сè уште нема резултати, загубите се огромни – приближно еден према осум – рече Путин.
Тој додаде дека Русија на преговорите во Истанбул изразила подготвеност мирно да го заврши конфликтот, истовремено обезбедувајќи ги своите легитимни интереси, пренесува Интерфакс.
„Таму украинската страна си обезбеди многу строга безбедносна рамка и ние се согласивме со тоа. Но, штом нашите војници се повлекоа од главниот град на Украина, Киев, украинската страна веднаш ги фрли во оган сите тие договори – рече Путин.
Пронајдете не на следниве мрежи:



