Командантот на украинските копнени сили, генералот Олександр Сирски изјави дека ситуацијата во североисточниот дел на фронтот значително ескалирала.
Тој истакна дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната на релација Купјанск–Лиман.
- Најновата анализа: Европа плаќа најскапи сметки за енергија – каде е Македонија?
- Гостиварци се уште не можат да ја користат водата за техничка употреба
- Дали ти можеш!? – Оптичка илузија го збунува интернетот: Многумина не успеваат да ги пронајдат четирите жени на цртежот
- Франција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години, како и мобилните телефони во училиштата
- Дали треба да се отстранат бенките како превентивна мерка? Дерматолог открива кога е вистинското време
- Американец најден починат во хотелска соба во Скопје
- Седум суптилни знаци дека мажот е тајно заљубен во вас
- Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
- Мистеријата за смртта на човек од кругот на Епштајн: Обдукцијата откри нови детали, истражителите чекаат клучни резултати – познат моден агент пронајден мртов во својот дом
Олександр Сирски смета дека руската Армија всушност сака „одмазда“ со повторно заземање на територијата што некогаш била под нивна контрола.
Украинскиот генерал разговарал со војниците за моменталната ситуација на линијата на фронтот, пишува весникот The Guardian.
На почетокот на август Русија го нападна Купјанск, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри. Гранати паднаа врз градот, принудувајќи ги локалните власти да започнат со евакуација на цивилите.
Да потсетиме, минатата недела Украинците известија за жесток руски напад врз Авдеевка, град северно од Доњецк.
Иако руските воени блогери пишуваа за голем пробив на руските сили, овие тврдења се чини дека не се точни. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од уништена руска воена опрема, која наводно е пронајдена во областа.
Пронајдете не на следниве мрежи:



