Американскиот претседател Џо Бајден веројатно в среда ќе го посети Израел, јавува израелскиот „Канал 12“.
Нема официјална потврда од Белата куќа или израелската Влада во врска со посетата на Бајден.
Израелската телевизија во неделата објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху упатил повик до американскиот претседател да го посети Израел во знак на солидарност во услови на израелско-палестинската војна која е во тек.
- ДОМ: Што се случува околу „жешките точки“ во ОХИС додека санацијата сè уште не е завршена
- Зеленски: Над 10.000 руски војници убиени или ранети за една недела – Украина напредува во секторот Лајман
- „Глас против насилство“ по смртта на 13-годишникот: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат
- (Фото) Општина Аеродром: Ново современо спортско игралиште во Основното училиште „Блаже Конески“
- Левица по демантот на Мијалков: Прашањето за Барутана не е само чие име стои на имотниот лист
- Трамп очекува разговорите меѓу САД и Иран да продолжат оваа недела и покрај отфрлањето на планот за прекин на огнот
- Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет, а помалку за работа
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
Бајден претходно го посети Израел во јули 2022 година.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го посети Израел денес за да се состане со израелските официјални лица.
Блинкен неодамна ги посети и Јордан, Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Египет.
Десет дена по конфликтот со палестинската група Хамас, продолжува израелското бомбардирање и блокадата на Појасот Газа, при што беа раселени над 1 милион луѓе – речиси половина од вкупното население на Газа.
Газа се соочува со тешка хуманитарна криза. Областа е без струја, а водата, храната, горивото и медицинските резерви се при крај, додека цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да се евакуираат северните области.
Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа 2.750 Палестинци.
Претходно беше објавено дека меѓу загинатите во израелските напади има повеќе од 750 деца.
Пронајдете не на следниве мрежи:



