По престрелката во Брисел, во која загинаа шведски навивачи, фудбалерите на таа земја одбија да се вратат на теренот.
Како што пренесуваат белгиските медиуми, фудбалерите на шведската фудбалска репрезентација на полувремето од натпреварот Белгија-Шведска на стадионот „Крал Бодуен“ соопштија дека повеќе не сакаат да го играат второто полувреме. Натпреварот поради тоа беше прекинат. Се уште не е јасно дали и кога натпреварот ќе продолжи.
- Американец најден починат во хотелска соба во Скопје
- Седум суптилни знаци дека мажот е тајно заљубен во вас
- Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
- Мистеријата за смртта на човек од кругот на Епштајн: Обдукцијата откри нови детали, истражителите чекаат клучни резултати – познат моден агент пронајден мртов во својот дом
- 63 години по катастрофалниот земјотрес, Градот Скопјe организираше бесплатна панорамска автобуска тура за граѓаните
- Дел од паднатите дрвја низ Скопје ќе завршат како огрев за социјално загрозени семејства
- Османи: Четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, Муцунски денеска го потврди тоа
- Тајната на птичјата песна: Научниците открија кои осум звуци ги сочинуваат сите песни во светот
- Македонски државјанин во Улцињ лишен од слобода откако убил куче прегазувајќи го со автомобил
Многу навивачи го напуштаат стадионот „Крал Бодуен“, пренесува белгиски HLN. Се чини дека луѓето повеќе не се чувствуваат удобно или се плашат во сè поголема паника. На стадионот, најавувачот најави дека сите мора да останат на своите места додека ситуацијата не се стави под контрола.

Претходно, во видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое маж, како што претходно објавивме, вели дека е член на ИСИС и дека „ги одмаздувал муслиманите“, тој исто така тврди дека „убил тројца Швеѓани“. Очигледно се работи за истиот човек кој вечерва отвори оган со калашников во Иперлан во Брисел, при што уби две лица од шведска националност, а едно рани. Станува збор за човек од Шаербек за кого се знае дека е радикализиран.
Како што пренесува белгискиот HLN, нивото на закана од тероризам во Брисел е подигнато на ниво 4. Се вели дека нивото 3 е на сила во сите други провинции. Напаѓачот е во бегство.


