Групата Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вооружениот напад во понеделникот во Брисел, во кој беа убиени двајца Швеѓани, велејќи дека нападот бил насочен против Шведска поради нејзиното членство во меѓународната коалиција која се бори против екстремистите.
Беше објаснето дека „нападот е извршен во контекст на операции предводени од Исламската држава против граѓани на земјите од таа коалиција“.
- Зеленски: Над 10.000 руски војници убиени или ранети за една недела – Украина напредува во секторот Лајман
- „Глас против насилство“ по смртта на 13-годишникот: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат
- (Фото) Општина Аеродром: Ново современо спортско игралиште во Основното училиште „Блаже Конески“
- Левица по демантот на Мијалков: Прашањето за Барутана не е само чие име стои на имотниот лист
- Трамп очекува разговорите меѓу САД и Иран да продолжат оваа недела и покрај отфрлањето на планот за прекин на огнот
- Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет, а помалку за работа
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
- Вучиќ и ја предаде должноста на Брнабиќ
„Борец на Исламската држава изврши напад врз шведски граѓани“, се наведува во соопштението на Исламската држава објавено преку Амак, весник на организацијата.
Двајца шведски државјани беа убиени во понеделникот вечерта во Брисел во вооружен напад во близина на центарот на градот пред квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу Белгија и Шведска.
Осомничениот напаѓач починал при утринава полициска акција кога бил пронајден по претресот кој траел повеќе од 12 часа.
Пронајдете не на следниве мрежи:



