На веб-страницата на министерството денеска е направена промена во сегментот совети за патување и безбедност
Германското Министерство за надворешни работи ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан.
- Левица по демантот на Мијалков: Прашањето за Барутана не е само чие име стои на имотниот лист
- Трамп очекува разговорите меѓу САД и Иран да продолжат оваа недела и покрај отфрлањето на планот за прекин на огнот
- Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет, а помалку за работа
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
- Вучиќ и ја предаде должноста на Брнабиќ
- Без вода денеска дел од Аеродром
- (Видео) Филипче: Им го откривме планот за распродажба – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери!
- Делови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струја
На веб-страницата на министерството денеска е направена промена во сегментот совети за патување и безбедност и за Либан пишува дека се повикуваат германските граѓани веднаш да го напуштат Либан.
За потсетување, американската амбасада во Либан претходно денеска ги повика американските граѓани да го планираат своето заминување од Либан што е можно поскоро, додека „комерцијалните опции“ се уште се достапни.
Во предупредувањето, кое беше испратено до американските граѓани по електронска пошта, амбасадата истакна дека внимателно ја следи безбедносната ситуација во Либан, пренесува Ројтерс.
Истовремено, таа им препорача на граѓаните на САД кои не сакаат да го напуштат Либан да направат итен план. Американскиот Стејт департмент издаде совет за патување на 17 октомври, во кој ги повика американските граѓани да не патуваат во Либан поради „непредвидливата безбедносна ситуација“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



