Речиси 80 отсто од Израелците го обвинуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху за неуспехот да го спречи нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, покажа истражување спроведено во Израел.
Институтот Лазар го спроведе истражувањето на 18 и 19 октомври, побарано од израелскиот весник Маарив.
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
- Вучиќ и ја предаде должноста на Брнабиќ
- Без вода денеска дел од Аеродром
- (Видео) Филипче: Им го откривме планот за распродажба – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери!
- Делови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струја
- Европската комисија ги повика земјите од ЕУ да воведат задолжително намалување на потрошувачката на гас и струја
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
Само 8 отсто од анкетираните не сметаат дека Нетанјаху е одговорен за нападите на израелските територии во близина на Појасот Газа.
Истражувањето исто така покажа дека 65 отсто од Израелците поддржуваат отпочнување на копнена офанзива во Појасот Газа, додека 21 отсто се против.
Претходно неделава, Ронен Бар, шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет, призна дека не успеал да го детектира инфилтрирањето на палестинската група Хамас на израелска територија на 7 октомври.
Слична изјава даде и началникот на израелската Армија, Херзи Халеви.
Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.
Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.
Пронајдете не на следниве мрежи:


