Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека украинските територии окупирани од Русија повеќе не се Украина.
Виталиј Кличко ја коментираше можноста за одржување избори во воени услови и нагласи дека не е јасно како надлежните органи ќе го организираат гласањето на териториите припоени од Русија.
„Гласање ? Оние територии што се окупирани повеќе не се Украина, бидејќи таму нема да има претставници“, изјавил Виталиј Кличко во интервју за украинските медиуми.
- Левица по демантот на Мијалков: Прашањето за Барутана не е само чие име стои на имотниот лист
- Трамп очекува разговорите меѓу САД и Иран да продолжат оваа недела и покрај отфрлањето на планот за прекин на огнот
- Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет, а помалку за работа
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
Виталиј Кличко, исто така, рекол дека одржувањето на избори во сегашните услови ќе доведе до колапс на Украина, бидејќи политичарите веднаш ќе почнат да се борат меѓу себе за моќ.
Одржувањето избори во Украина за време на вонредната состојба е забрането, но таква можност постои доколку парламентот ги поддржи релевантните законски измени.
Мнозинството Украинци анкетирани од центарот „Разумков“ се изјасниле дека се против одржување на избори за време на војната. Речиси 64 отсто од испитаниците биле против.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја призна можноста за одржување избори во воени услови. За тоа, според него, потребно е да се сменат законските прописи и да се обезбеди безбедност на луѓето и пристап до изборниот процес.
Володимир Зеленски исто така откри дека нема намера да се кандидира за втор мандат доколку се одржат претседателски избори по завршувањето на војната.
Пронајдете не на следниве мрежи:



