Првиот конвој со хуманитарна помош што денеска влезе во Појасот Газа не треба да биде последен, предупреди првиот човек на хуманитарната организација на ОН, Мартин Грифитс.
Дваесет камиони со помош од Египет влегоа во Газа, која е под израелска опсада и гранатирање.
„Убеден сум дека овој товар ќе биде почеток на постојаните напори за снабдување со основни добра – првенствено храна, вода, лекови и гориво – на жителите на Газа, на безбеден, безусловен начин без пречки“, кажа тој.
- Левица по демантот на Мијалков: Прашањето за Барутана не е само чие име стои на имотниот лист
- Трамп очекува разговорите меѓу САД и Иран да продолжат оваа недела и покрај отфрлањето на планот за прекин на огнот
- Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет, а помалку за работа
- Кој ве гледа низ камерата на телефонот? Проверете ја оваа опција сега
- Претседателот на Собранието Гаши во посета на Саудиска Арабија
Денеска, според египетските медиуми, во камионите имало храна и медицинска помош, но не и гориво, кое е неопходно во Појасот Газа, чија единствена електрана не работи.
Камиони со хуманитарна помош денеска почнаа да влегуваат во Газа преку преминот Рафах, на границата со Египет, за првпат од почетокот на конфликтот пред 15 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи:



