Американката Џудит Таи Ранан и нејзината ќерка Натали Ранан (17 г.) беа ослободени две недели откако беа киднапирани од милитантната група Хамас.
Двете жени живеат во Чикаго и биле во посета на роднините во Кибуц Нахал Оз во моментот на нападот. Видеото, наводно, први го објавија Хамас. По нивното ослободување, таткото на Натали Ранан, Ури Ранан, рекол дека таа е добро.
- Македонски државјанин во Улцињ лишен од слобода откако убил куче прегазувајќи го со автомобил
- СДСМ Гостивар бара одговорност за труењето на граѓаните со отровна вода
- Хали Бери за перименопаузата како посебен процес: Мојот сексуален живот се врати во нормала
- Донарума се ожени со долгогодишната партнерка Алесија Елефанте: Халанд и Манчини беа на раскошната церемонија (фото)
- Рангирање на богатство по возрасен човек: Како се споредува Европа со најбогатите земји во светот?
- Зеленски предупреди: Русија подготвува масовен ракетен напад врз Украина во следните 48 часа
- Уапсен струмичанец кој превезувал мигранти
- Андоновска: Се очекува до крајот на неделава гостиварци да добијат техничка вода, а кон крајот на следната и вода за пиеење
- Викенд хороскоп за Јарец
„Јас сум татко на Натали Ранан и поранешниот сопруг на Џудит Ранан. Ова го чекав долго време, не спиев скоро две недели. Денеска ќе спијам. Само што разговарав со ќерка ми. Звучеше добро, беше среќна и едвај чека да дојде дома. Џудит ми кажа дека има гребаница на раката, но не е ништо сериозно. На ќерка ми и е роденден следната недела и сите заедно ќе го прославиме“, изјави Ури Ранан.
На фотографијата објавена од израелската Влада се гледаат две жени и еден маж облечени во јакна како се држат за раце. До нив се уште двајца вооружени војници.
Наскоро, американската амбасада во Ерусалим, исто така, ја објави радосната вест дека се ослободени двајца американски државјани кои Хамас ги држеше како заложници откако ги изврши ужасните терористички напади врз Израел на 7. октомври.
Тие се во сигурни раце на израелските власти во Израел и тим од американската амбасада наскоро ќе се сретне со нив, беше објавено претходната вечер.
Откако беа ослободени, со нив разговараше и американскиот претседател Џо Бајден.
Пронајдете не на следниве мрежи:



