„Напредокот на обновливите извори на енергија значи дека проекциите во кои доминираат фосилните горива веќе не се реални“, рече раководителот на истражувањето др. Фемке Нијсе од Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.
Сонцето најверојатно ќе стане најважниот извор на енергија во светот до 2050 година, велат британските научници во неодамна објавена студија.
- Шкорпијата открива голема семејна тајна во октомври
- Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот идентитет не отстапуваме
- Слабиот изглед на Адријана Лима предизвика реакции по појавувањето во Париз: „Се претвори во дух“ (фото)
- Зошто е потешко да се разбудите на есен: Обрнете внимание на овие навики
- Кајли Келси ѝ се извинува на Кејт Мидлтон што неправилно ѝ се обрати: Не знаев дека е навредливо
- Пожар на Шар Планина
- Под притисок на големи долгови, Аргентина смисли план: Ќе им продава на богатите странци „златна виза“
- Земјите од групата Г7 ослободуваат 100 милиони барели дизел од резервите: Дали цените на пазарот ќе се намалат?
- Модриќ по дебаклот на Хрватска: „За прв пат се чувствувам засрамено, го потрошивме угледот што го стекнавме со годините“
Енергетскиот сектор можеби достигна пресвртница во која дојде до синергија помеѓу употребата на соларна технологија и процесот на учење на компаниите како да ја направат попристапна, велат научниците од Универзитетот во Ексетер и Универзитетскиот колеџ во Лондон.
„Напредокот на обновливите извори на енергија значи дека проекциите во кои доминираат фосилните горива веќе не се реални“, рече раководителот на истражувањето др. Фемке Нијсе од Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер.
Сѐ повеќе расте уверувањето дека драматично намалената цена на обновливата енергија во голема мера ќе го олесни намалувањето на јаглеродот во земјите во развој, се вели во соопштението.
Додека патот за сончевата енергија да стане најважниот извор на енергија се чини дека е поставен, дури и без поддршка од поамбициозни климатски политики, научниците предупредуваат дека „одредени пречк“ сепак би можеле да го спречат.
Научниците идентификуваа четири области кои би можеле да ја спречат транзицијата кон доминација на соларната енергија: достапност на стабилни електрични мрежи, соларно финансирање во земјите во развој, капацитет на синџирот на снабдување и политичкиот отпор во регионите каде што многу работни места се поврзани со индустриите на фосилни горива.
Затоа владите треба помалку да се фокусираат на транзицијата кон самата соларна енергија и повеќе на отстранување на овие четири пречки, препорачуваат научниците.
Ова вклучува обезбедување на снабдување со енергија кога сонцето не сјае, на пример преку ветерници и далноводи меѓу регионите.
Особено на африканските земји ќе им треба пристап до финансии за да се справат со транзицијата кон соларна енергија. Синџирите за снабдување треба да се зајакнат, особено за критичните суровини како што се литиум и бакар потребни за производство на батерии.
Загубите на работни места воиндустријата на фосилните горива и поврзаните индустрии, од кои зависат околу 13 милиони луѓе ширум светот, мора да се ублажат, велат научниците.
Пронајдете не на следниве мрежи:


