ГАРДИЈАН ОБЈАВИ Проценката на француското воено разузнавање покажува дека најверојатната причина за смртоносната експлозија во болницата Ал Ахли во градот Газа била палестинска ракета со експлозивно полнење од околу пет килограми, која најверојатно била погрешно испукана.
Британски Гардијан пренесува дека тоа го изјавил неименуван висок француски воен функционер.

АП пренесува дека официјалниот претставник рекол дека неколку ракети во арсеналот на палестинската екстремистичка организација Хамас носат експлозивни полнења со приближно толку тежина, вклучително и ракета од Иран и друга ракета од палестина.
- Зеленски предупреди: Русија подготвува масовен ракетен напад врз Украина во следните 48 часа
- Уапсен струмичанец кој превезувал мигранти
- Андоновска: Се очекува до крајот на неделава гостиварци да добијат техничка вода, а кон крајот на следната и вода за пиеење
- Викенд хороскоп за Јарец
- „Ова е најлошиот пожар во историјата“: Шпанија прогласи вонредна состојба, повеќе од 220.000 луѓе беа евакуирани во две земји
- Викенд со сонце и стабилно време, нов бран дожд и нестабилност од понеделник
- Османи: Муцунски го потврди тоа што го велам 4 години дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка
- Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
- СЗО изрази загриженост поради ширењето на западнонилската треска во Италија и Грција
– Никој од француската воена разузнавачка служба не го впери прстот кон Израел како извршител на нападот – изјави функционер од Париз.
Се вели дека извештајот доаѓа откако канадското Министерство за одбрана соопшти дека Израел не стои зад експлозијата во болница во градот Газа во вторникот вечерта.
Хамас го обвини израелскиот воздушен напад за смртта на стотици луѓе во експлозијата, додека израелската војска ја обвини за масакрот погрешно испукана ракета од страна на палестинската екстремистичка организација Исламски џихад, која ја негираше одговорноста.
Гардијан наведува дека францускиот функционер инсистирал на анонимност, но рекол дека добил дозвола од претседателот Емануел Макрон да ги направи транспарентни наодите на француското разузнавање.
- Проценката е направена врз основа на доверливи податоци, сателитски снимки, разузнавачки информации разменети со други земји и јавно достапни податоци – рече тој функционер.



