На светските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.
На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за првпат по 16 години.
- Токио во Јапонија регистрира рекордни 34 дена дожд по ред
- Тие не чинат ништо, а можат да ви го продолжат животот: 5 навики препорачани од експерти
- World Population Review: Македонија на прво место во светот според бројот на пушачи
- Сè е провидно, црните гаќички на изволте: Џеј Ло го запали Милано – крзното не можеше да сокрие сè
- „Пет нови рудници, антимон, дата-центри- арамијата Мицкоски ја гледа Македонија како плен“, велат од СДСМ
- СДСМ: Да му ја решиме дилемата на Мицкоски – ние сме за институции – не сме за банда!
- Тајван забрзано гради армија од дронови поради притисокот од Кина
- Променливо облачно со сончеви периоди: максималната температура до 26 степени
- Без струја денеска делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден
Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските кредити, каматите на кредитните картички…
Дополнително, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.
Инвеститорите беа поколебани и од претседателот на американската централна банка Џером Пауел, кој на деловен состанок рекол дека централните банкари се внимателни во однос на монетарната политика, по агресивното зголемување на каматните стапки минатата година, но дека поради силната економија и работна сила на пазарот, каматните стапки би можеле дополнително да се зголемат.
„Инвеститорите се надеваа дека Џером Пауел ќе сигнализира дека ФЕД завршил со зголемувањето на каматните стапки, но тој практично кажа дека ќе бидат потребни дополнителни зголемувања на каматните стапки доколку инфлацијата остане на покачени нивоа“, вели Оливер Пурше, потпретседател во Wealthspire Advisors.
Инвеститорите исто така се склони кон ризик бидејќи стравуваат од ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестинците.
Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото.
Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.
Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.
И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски SAS 2,7 отсто, на 6.816 поени.
Пронајдете не на следниве мрежи:



