Пилотот, кој не бил на должност, е обвинет за обид за убиство на 83 лица, откако во неделата вечерта наводно се обидел да собори патнички авион.
Авионот со 80 патници летал од Еверет, Вашингтон до Сан Франциско. Авионот бил пренасочен во Портланд, Орегон каде осомничениот бил совладан без инциденти.
- Вучиќ и ја предаде должноста на Брнабиќ
- Без вода денеска дел од Аеродром
- (Видео) Филипче: Им го откривме планот за распродажба – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери!
- Делови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струја
- Европската комисија ги повика земјите од ЕУ да воведат задолжително намалување на потрошувачката на гас и струја
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
Од полицијата велат дека осомничениот се вика Џозеф Дејвид Емерсон (44).
Осомничениот седел во пилотската кабина на авионот на Алјаска ерлајнс зад капетанот и копилотот. Членовите на екипажот го пријавиле инцидентот во контролата на летот. На комуникациската лента на контролата на летање се слуша еден од пилотите.
- Имаме ОСОБА кое се обиде да ги изгаси моторите во пилотската кабина, и не звучи како да прави проблеми во задниот дел во моментов. Мислам дека е совладан – се слуша пилотот кој потоа бара присуство на полиција на пистата најавувајќи го слетувањето.
Авионот требаше да слета во Сан Франциско во 19 часот и 30 минути, но летот беше пренасочен кон Портланд во 19 часот и 18 минути.
Авиокомпанијата изјави дека сите патници подоцна го продолжиле своето патување.
Пронајдете не на следниве мрежи:



