Франција е солидарна со Израел во борбата против тероризмот, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со неговиот израелски колега Исак Херцог во Ерусалим.
„Тоа што се случи никогаш нема да се заборави. Овде сум да ја изразам нашата солидарност“, рече Макрон, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел во кој милитантната група уби повеќе од 1.400 луѓе, пренесува Ројтерс.
- Делови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струја
- Европската комисија ги повика земјите од ЕУ да воведат задолжително намалување на потрошувачката на гас и струја
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
Израел не сака да води војна со милитантите на Хезболах на својата северна граница, туку наместо тоа е фокусиран на борбата против Хамас во Појасот Газа, изјави израелскиот претседател Исак Херцог на денешната средба со Макрон, пренесува Танјуг.
„Сакам да разјаснам дека не бараме конфронтација на нашата северна граница, ниту со некој друг. Но, ако Хезболах не вовлече во војна, треба да биде јасно дека Либан ќе ја плати цената за тоа“, рече Херцог, пренесува Тајмс оф Израел.
Пронајдете не на следниве мрежи:



