Потполковник Авичај Адрае, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), објави сателитска снимка за која тврди дека покажува големо складиште за гориво во Појасот Газа што и припаѓа на палестинската екстремистичка организација Хамас.
- Делови од Бутел, Гази Баба и Чаир денеска без струја
- Европската комисија ги повика земјите од ЕУ да воведат задолжително намалување на потрошувачката на гас и струја
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
Тој објави објава со видеото на својот профил на арапски на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) со хаштаг „Итно“.
– Вака изгледа повеќе од половина милион литри дизел во посед на Хамас, лоциран веднаш до граничниот премин Рафах – напиша Адрае, мислејќи на граничниот премин меѓу Појасот Газа и Египет.
Адрае напиша дека, и покрај тоа, Хамас „продолжува да тврди дека не е во состојба да снабдува гориво до болниците, пекарите и цивилите.
- Хамас ИСИС краде дизел од цивили и го пренесува во нивните тунели, на нивните бомбардери и лидери. Така изгледа листата на приоритети на Хамас – изјави Адрае.
Тој им порача на „жителите на Појасот Газа да не бараат ништо од Израел“.
– Адресите со кои треба да контактирате се Ал Санвар (Ал Багдади), Ал Деиф и други членови на ИСИС Хамас кои го турнаа Појасот Газа во бездна – заклучи портпаролот на ИД.
Пронајдете не на следниве мрежи:



