Објавена мапата на милијардери во Европа, Германија има најмногу, 126

Објавена е мапа на која се гледа колку милијардери има во европските земји. Мапата, направена според податоците на „Форбс“ и „Јуроп магазин“, се однесува на 2023 година, а богатството се мери во американски долари.

Во земјите од Западен Балкан нема милијардери.

А што се однесува до соседите и другите, има шест милијардери во Грција и двајца во Бугарија.

Понатаму, шестмина во Романија, тројца во Унгарија и 64 во Италија.

Според овие податоци, Германија има најмногу милијардери, дури 126. Во Естонија и Португалија има по еден милијардер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.