Лидерите на ЕУ се согласија да ги искористат приходите од замрзнатите суверени руски средства за помош на Киев, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Лидерите на ЕУ се согласија да користат дел од замрзнатите руски средства, пред сè приходот од нив, за поддршка на Украина. Самитот потврди дека помошта за Украина останува приоритет на Европската унија“, рече Мишел на конференцијата по самитот.
Сепак, на самитот на ЕУ не беше постигнат договор за програмата за буџетска помош за Украина.
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
- Дали правите домашен ајвар? Овој вид црвена пиперка е идеална поради својот богат вкус и густа текстура
Имено, во врска со програмата за помош од 50 милијарди евра ветена на Украина за следните четири години, Мишел само рече дека на самитот „се одржала дискусија за ревизија на буџетот“.
Според руските медиуми, идејата земјите-членки да одвојат дополнителни средства во буџетот на ЕУ за Украина ја блокирале Унгарија, Белгија, Словачка и голем број други земји од алијансата.
Лидерите на ЕУ, исто така, признаа дека и покрај сите напори, цените на енергијата во Европа остануваат премногу високи, најави претседателот на Европскиот совет.
Во меѓувреме, шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека ЕУ го подготвува 12-тиот пакет санкции против Русија.
„Се консултираме со земјите членки. Конкретно, анализираме како да го оневозможиме приходот на Русија од дијаманти. Ова ќе биде направено во тесна координација со партнерите од Г7“, рече таа.
Претходно портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека замрзнувањето на руските средства во Европа е кражба и дека вакво нешто не се случува првпат. Европската унија не ги таргетира само средствата на приватни лица, туку и државниот имот на Русија, посочи таа.



