Дописникот на Би-Би-Си од Бејрут, Хуго Бачега, вчера го интервјуираше Гази Хамад, долгогодишен член на Хамас и портпарол на таа милитантна организација која го нападна Израел на 7 октомври и уби 1.400 Израелци, од кои повеќето цивили.
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
Бачега наведува дека „седнувањето со претставник на група која многу влади ја сметаат за терористичка организација не беше одлука донесена лесно“. Сепак, тој посочува дека тоа „било можност лице в лице да ги прашам за нападите што ги изврши Хамас во Израел на 7 октомври, во кои убија повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, а повеќе од 200 луѓе земаа како заложници. “
Го прекина разговорот за прашањето за оправдување на масакрот на цивили
Хамад одби да признае дека неговата група намерно гаѓала цивили, и покрај огромните докази, вклучително и снимките од камерите што ги носи „Хамас“. Тој рече дека нападот е „воена операција“ насочена само кон израелскиот воен персонал.
Новинарот постојано прашуваше како може да биде напад само на воени цели кога беа убиени стотици цивили, вклучително и луѓе на музичкиот фестивал и во нивните домови, со нивните семејства.
На прашањето како го оправдува убиството на цивили, портпаролот на Хамас ненадејно го заврши интервјуто и си замина.
Пред тоа, Хамад сугерираше дека Хамас е отворен за преговори за заложниците што ги држи во Газа. Сепак, рече, за тоа морало да има одредени околности, но не кажа кои.
Пронајдете не на следниве мрежи:



