Застрашувачки напад на мечка врз чувар во луксузен хотел во Аспен, Колорадо ги обиколува социјалните мрежи, а мажот поминал само со гребаници.
Животното залутало во кујната на одморалиште со пет ѕвезди во Аспен кога чуварот отишол да истражи што се случува. Кога ја забележал мечката веќе било доцна бидејќи животното веднаш го нападнало. За среќа, по едно туркање со шепите, мечката отстапила и тргнала во спротивна насока.
- Кајли Келси ѝ се извинува на Кејт Мидлтон што неправилно ѝ се обрати: Не знаев дека е навредливо
- Пожар на Шар Планина
- Под притисок на големи долгови, Аргентина смисли план: Ќе им продава на богатите странци „златна виза“
- Земјите од групата Г7 ослободуваат 100 милиони барели дизел од резервите: Дали цените на пазарот ќе се намалат?
- Модриќ по дебаклот на Хрватска: „За прв пат се чувствувам засрамено, го потрошивме угледот што го стекнавме со годините“
- Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна истрага
- Бен Гвир го објави соборувањето на Палестинската самоуправа и рече дека „целата земја му припаѓа на Израел“
- Американците го стеснуваат обрачот околу Белград: Што сакаат да постигнат обединетите конгресмени со усвојување на законот „Србија“
- Кобила се ождреби на сред улица во скопски Карпош
Чуварот бил однесен во болница откако успеал да се јави на 911, каде што му биле констатирани гребаници на грбот и по кратко време бил пуштен, соопшти одморалиштето.
– Полицајците забележале дека додека ја барале оваа мечка, забележани се уште осум мечки како се движат низ центарот на Аспен – изјави портпаролот на одморалиштето.
Официјални лица за заштита на дивиот свет, како и полицискиот оддел во Аспен и канцеларијата на шерифот на округот Питкин, беа вклучени во ловот на мечката што го нападна чуварот. Дури во раните утрински часови во средата животното било пронајдено, заспано и подоцна еутаназирано.
Пронајдете не на следниве мрежи:



