Блиска средба меѓу американски стратешки бомбардер Б-52 и кинески борбен авион Ј-11 над Јужното Кинеско Море, предизвика размена на обвинувања меѓу Вашингтон и Пекинг.
Американската војска соопшти дека кинески борбен авион прелетал на три метри од американскиот бомбардер Б-52 кој летал над Јужното Кинеско Море и за малку пропуштил судир.
- Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен со возило
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
- Дали правите домашен ајвар? Овој вид црвена пиперка е идеална поради својот богат вкус и густа текстура
Наводно, ловецот се приближил до авионот на американското воено воздухопловство за време на ноќниот лет, „со неконтролирана и прекумерна брзина“, летајќи на само три метри од стратешкиот бомбардер.
- Ова ги доведе двата авиони во ризик од судир – се вели во соопштението на Пентагон.
Кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини САД за инцидентот, сугерирајќи дека американскиот авион прелетал над Јужното Кинеско Море како намерна провокација.
– Американските авиони, кои летаат на долги растојанија за да покажат моќ пред ПОРТИТЕ на Кина, се главната причина за безбедносните ризици во Јужното Кинеско Море и не придонесуваат за регионалниот мир и стабилност. Пекинг ќе продолжи да го брани својот суверенитет и територијален интегритет и да ја подобрува безбедноста – изјави претставникот за печат на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.
Пронајдете не на следниве мрежи:



