Сопственик на хеликоптерот кој во петокот ненадејно слета на поле во Карловац е познатиот украински милионер Игор Мазепа!
Жителите на околните села во петокот на терен забележале хеликоптер со украински ознаки, по што веднаш ги алармирале безбедносните служби кои превентивно го опколиле хеликоптерот. Никому не му беше јасно што се случува бидејќи екипажот не беше тука.
- „Младите луѓе имаат лош спермограм поради 3 работи“: Лекари покажаа како изгледа плодноста под микроскоп
- Потсвеста испраќа пораки: Што навистина значат еротските соништа?
- Познатата пејачка ужива во вила вредна 580.000 евра: Сакала да ја продаде за 55.000 помалку, но се одлучила за едно
- Во Венецуела пристигнаа 1.600 спасувачи од странство за да помогнат во потрагата по преживеани
- Дегна вирусот и во Македонија, симптоми и како се пренесува
- „Таа беше преубава жена и големо чудовиште“ Нада изврши ужасни злосторства на 16-годишна возраст, труеше деца и колеше жени „Фрањо Туѓман ја ослободи“
- РУСКИОТ ГРАД ШЕБЕКИНО Е ВО ПЛАМЕН! Голема ЕКСПЛОЗИЈА На 7 км од украинската граница, густ црн облак од чад се издигна над областа!
- Ивана Кнол не мирува: Нова серија провокативни фотки кружат на социјалните мрежи (ФОТО)
- Заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија
- Овие витамини и минерали имаат најсилен ефект кога се земаат заедно објавува Журнал.мк
Почесниот конзул на Украина во Хрватска, Ивица Пириќ, пријател на украинскиот милионер, за хрватските медиуми вели дека по инцидентот разговарал со Мазеп.
Украинецот наводно му рекол дека имало грешка во протоколот и дека му е жал поради тоа. Мазапа додаде дека ќе направи сè за во иднина да не се повторуваат такви работи и сите летови да се вршат според сите правила.
Украинскиот милионер е голем обожавател на Хрватска, често престојува таму, а сега всушност со хеликоптер дошол да лови диви свињи. Сепак, летот ќе го чини доста бидејќи ќе мора да плати голема казна за неправилноста, но тоа не би требало да биде преголем проблем за богат инвестициски банкар.
Мазепа е и голем љубител на адреналинските активности, што може да се заклучи од фотографиите кои ги објавува на својот Инстаграм профил. Може да се види како пилотира хеликоптер, лови, скија, вози мотор, јава коњ…
Toј исто така сака да го носи својот син на авантури. Игор Мазепа ја основа компанијата во 2004 година, која до денес ја задржа својата позиција како една од трите најдобри инвестициски банки во Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи:



