Пропалестински демонстранти се обидeле да упаднат во воздушната база во која се сместени американските сили во Турција за време на денешниот митинг. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, од кои многумина вееја турски и палестински знамиња, објави Ројтерс.
- Фон дер Лајен најави помош од речиси 710 милиони евра за раселените лица и заедниците погодени од кризата
- Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она што е законско не значи дека е морално
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
- Дали правите домашен ајвар? Овој вид црвена пиперка е идеална поради својот богат вкус и густа текстура
- Дел од Аеродром утре ќе остане без вода
- Што може да очекува секој знак во љубовта оваа есен
- Доктор открива кој е првиот знак за проблеми со бубрезите што повеќето луѓе го игнорираат
Демонстрантите демолираа и барикади, се судрија со интервентната полиција и фрлаа пластични столици и камења кон полицијата. Булент Јилдирим, претседател на исламистичката турска хуманитарна агенција ИХХ, им се обрати на толпата во Адана и ги повика да се воздржат од напади врз полицијата.
„Полицијата и војниците би сакале да одат во Газа и да се борат. И тие ќе заминат кога ќе дојде време“.
„Пријатели, не е во ред да се фрлаат камења или да се прават слични работи бидејќи и полицијата и војниците би сакале да одат во Газа и да се борат и ќе си заминат кога ќе дојде време“, пренесува Ројтерс. „Нашиот гнев е огромен. Не можеме да го издржиме. Но Турција прави што може“, додаде тој. Собирот заврши порано од планираното поради судири со полицијата.
Турција во саботата го отповика својот амбасадор од Израел, повикувајќи се на „одбивањето на израелските повици за прекин на огнот“ и на зголемениот број жртви во Газа, каде што повеќе од 9.700 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади, соопшти Министерството за здравство на Хамас.
Минатиот месец Израел ги повлече своите дипломати од Турција, откако турскиот претседател Ердоган го нарече Израел „окупатор“ на пропалестинскиот митинг.
Пронајдете не на следниве мрежи:



