Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни пишува дисертација чија тема е доверлива, објави украинскиот портал „Вести“.
Според веб-страницата на Украинската агенција за обезбедување квалитет на високото образование, Залужни планира да ја брани својата дисертација на Правната академија во Одеса.
- Кој доби најмногу нови следбеници за време на Светското првенство: Возиња втор на листата
- Уапсени татко и син во Скопје, полицијата им нашла пет килограми марихуана
- Ова се расите на кучиња кои се сметаат за најдобри заштитници
- Дали љубовта менува сè? Што ѕвездите подготвуваат за секој знак во втората половина од летото
- Истраги за унгарскиот заем од 1 милијарда евра што го доби Северна Македонија
- Бахреин и Кувајт го нападнаа Иран
- Муцунски: Има позитивен импулс за изнаоѓање решение ЕУ процесот, ама не можеме да го претставиме пред јавноста
- Американците купуваат ракети што не ги купиле повеќе од 30 години поради војната со Иран
- Мицкоски направи еколошка катастрофа, oтровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ
Темата на неговата дисертација е означена како „државни тајни од областа на одбраната, државната безбедност и спроведувањето на законот“. Украинскиот генерал веќе објави неколку научни трудови во 2022 и 2023 година.
Некои украински аналитичари сметаат дека Залужни би можел да стане конкурент на актуелниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, на претседателските избори.
Едно време, ова доведе до гласини за неговиот конфликт со шефот на државата и можно смена од позицијата врховен командант на вооружените сили на Украина, по што Залужни извесно време не даваше изјави во медиумите.
Меѓутоа, тој неодамна објави статија во британскиот магазин „Економист“, во која напиша дека војната во Украина е влезена во ќорсокак. Зеленски изјави дека не се согласува со мислењето на врховниот командант.
Како што рече поранешниот заменик-секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пензионираниот генерал Серхиј Кривонос, овој чекор можеше да биде изнуден на Залужни и укажува на несогласувања со политичкото раководство.
Пронајдете не на следниве мрежи:



