Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска разговараа за можноста за тактички паузи во нападите врз Појасот Газа и евентуално ослободување на заложниците, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.
- Една романтична навика ви го уништува сонот
- Трамп лично им нареди на Украинците да го „исклучат“ Старлинк, целта е да се принуди Зеленски да престане да ги таргетира руските рафинерии
- На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени заклучоците: Осум услови за Црна Гора за да добие зелено светло за Унијата
- Исповед на 23-годишна зависничка од секс: „Спиев со сите што ги познавам“
- Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
- Маск остро го критикуваше Киев: „Ѕвездениот штит не е наш, само претседателот на САД се прашува“
- Почина Стојче Јакимовски, долгогодишен спикер и еден од најпрепознатливите гласови во Македонија
- На светот му се заканува целосен колапс; последиците ќе бидат катастрофални
- Шокантно откритие – Америка ја блокираше Украина; Нешто големо се „готви“
Кирби рече дека се очекува повеќе Американци денеска да ја напуштат Газа.
Бајден и Нетанјаху разговарале и за ситуацијата на Западниот Брег.
„САД сè уште не сметаат дека општо примирје е соодветно во овој момент. Вашингтон ќе продолжи со разговорите со Израел за хуманитарни паузи во Газа“, рече Кирби, прецизирајќи дека Бајден и Нетанјаху се договориле повторно да разговараат во наредните денови.
„Гледаме дека повеќе хуманитарна помош доаѓа во Газа, но тоа е далеку од доволно. Во последните 24 часа таму влегле помалку од 30 камиони со помош“, рече портпаролот.
Кирби, исто така, објави дека Израел го уверил Вашингтон дека бараното автоматско оружје ќе оди само во националните полициски единици.
Пронајдете не на следниве мрежи:



