Европската комисија утре ќе предложи почеток на преговорите со Украина и Молдавија „откако ќе ги исполнат поставените услови“, а можно е и со Босна и Херцеговина, која е единствената земја од Западниот Балкан покрај Косово, која се уште го нема започнато преговарачкиот процес со Унијата.
Според дипломатски извори, препораките за Украина и Молдавија би значеле дека тие би можеле да ги почнат преговорите за членство уште во текот на следната година.
- Истраги за унгарскиот заем од 1 милијарда евра што го доби Северна Македонија
- Бахреин и Кувајт го нападнаа Иран
- Муцунски: Има позитивен импулс за изнаоѓање решение ЕУ процесот, ама не можеме да го претставиме пред јавноста
- Американците купуваат ракети што не ги купиле повеќе од 30 години поради војната со Иран
- Мицкоски направи еколошка катастрофа, oтровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ
- Рокас: Политичкото мешање во судството останува сериозна загриженост
- За секој убиен Евреин, на непријателот мора да му се уништи домот, вели израелскиот министер за национална безбедност
- Овие два знака чекаат повик што ќе промени сè пред викендот
- СЕ ПРОГНОЗИРА ГОЛЕМ НЕДОСТИГ НА БАКАР ВО СВЕТОТ – Нема нови наоѓалишта, цените ќе растат, Македонија засега не ги чепка ресурсите во Иловица
Што се однесува до БиХ засега има резерви кај дел од членовите на ЕК, но и кај некои европски дипломати, кои сметаат дека земјата бележи назадување во однос на владеењето на правото.
Европски дипломат во изјава за „Политико“ посочи дека на БиХ и беше доделен кандидатски статус под претпоставка дека тоа ќе ги поттикне реформите, но оттогаш има само влошување на состојбите со владеењето на правото и на севкупната политичката ситуација во земјата.
„Како можеме сега да решиме да ги започнеме преговорите со нив, а да очекуваме од другите земји кандидати ревносно да ги спроведуваат своите реформи“, посочи неименуваниот дипломат.
Европската комисија утре треба да ги усвои пакетот за проширување и да ги објави извештаите за напредокот на секоја од кандидатите за членство во ЕУ за 2023 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



