Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција кон влезот во Европската унија е „нефер и пристрасен“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
- Мицкоски направи еколошка катастрофа, oтровот стигна и до Скопје, велат од СДСМ
- Рокас: Политичкото мешање во судството останува сериозна загриженост
- За секој убиен Евреин, на непријателот мора да му се уништи домот, вели израелскиот министер за национална безбедност
- Овие два знака чекаат повик што ќе промени сè пред викендот
- СЕ ПРОГНОЗИРА ГОЛЕМ НЕДОСТИГ НА БАКАР ВО СВЕТОТ – Нема нови наоѓалишта, цените ќе растат, Македонија засега не ги чепка ресурсите во Иловица
Во годишниот извештај на ЕК за напредокот на Турција се наведува дека има „сериозно назадување“ во демократските стандарди, владеењето на правото, човековите права и независноста на судството, пренесува Ројтерс.
„Категорично ги отфрламе неоснованите тврдења и неправедните критики, особено во однос на политичките критериуми и поглавјата за правда и човекови права“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
ЕК изјави и дека Турција не ги почитува принципите на владеење на правото, човековите права и основните слободи во борбата против тероризмот.
Турското министерство рече дека обвинувањата се неправедни и ја истакна „неискреноста на пристапот на ЕУ и јасниот двоен стандард“, додавајќи дека проблемите со почитувањето на основните човекови права се присутни дури и меѓу земјите-членки на ЕУ.
Апликацијата на Турција за членство во ЕУ е замрзната со години, откако во 2005 година започнаа преговорите со ЕУ за членство.
Анкара ги отфрли критиките на ЕК во претходните години и ги нарече пристрасни, пренесува Танјуг.
Пронајдете не на следниве мрежи:



