Во документот, објавен од Одделот за јавно здравје во Лос Анџелес, а до кој дојде The Blast, се наведува дека причината за смртта на Пери е „одложена“ во очекување на деталната анализа на неговите токсиколошки резултати, откако првичните резултати покажале дека тој нема траги од нелегални супстанци фентанил и метамфетамин, објави Индипендент.
- Ова веднаш ќе ги изнервира – најголемата слабост на кој било хороскопски знак
- Аеродромот во Катанија останува затворен поради новата ерупција на Етна
- Германија ги укинува повоените ограничувања и им дава слобода на разузнавачките агенции
- Поранешен шеф на Мосад: Влеговме во Фордоу претходно, неговото уништување е исполнување на моите соништа
- ДОМ: Недозволиво е Водно да биде жртва на профитерство – учествувајте во јавната анкета за ДУП-от „Барутана“
- За првпат во Македонија изречена казна за напуштање мачиња
- Ѓорѓиевски најавува реакција на институциите за ширењето на паника меѓу скопјани
- Дел од Центар утре без вода поради поврзување на нова водоводна мрежа
- Затемнувањето ќе се случи денес, кога ќе може да се види во Македонија
Во документот се вели и дека актерот починал на 28 октомври во 16:17 часот во својот дом во Лос Анџелес и дека неговото безживотно тело било пронајдено во џакузи.
Во изводот на смртта стои и дека Пери работел во забавната индустрија како актер 38 години, а се наведува и дека сите потребни информации на истражителите им ги дал неговиот очув Кит Морисон.
Да потсетиме, најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на интимна церемонија во Меморијалниот парк Forest Lawn во Лос Анџелес, во близина на студиото Warner Bros за последен пат да се простат од Пери.
Заедно со бројни пријатели и членови на семејството, на погребот беа и колегите од „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер. „Анистон беше една од првите кои пристигнаа на погребот“, изјави извор за Дејли Мејл.
Пронајдете не на следниве мрежи:



