Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман се сретнаа по првпат во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.
- Оваа скриена функција на клучот од вашиот автомобил може да биде исклучително корисна
- Трамп за инцидентот кај американската база во Британија: „Намерата им била да предизвикаат голема штета“
- Дали го сакате кафето и доите? Треба да го знаете ова
- Жените со непропорционално големи гради може да имаат изненадувачки здравствени проблеми
- Дали правите домашен ајвар? Овој вид црвена пиперка е идеална поради својот богат вкус и густа текстура
- Дел од Аеродром утре ќе остане без вода
- Што може да очекува секој знак во љубовта оваа есен
- Доктор открива кој е првиот знак за проблеми со бубрезите што повеќето луѓе го игнорираат
- Хаос во Италија поради одлуката на синџир бензински пумпи
Раиси отпатува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, каде присуствува на вонреден состанок на шефовите на држави на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во врска со ситуацијата во Појасот Газа.
На маргините на Самитот тој се сретна со Бин Салман.
Средбата меѓу Раиси и Бин Салман беше прва средба лице в лице меѓу шефови на државите Иран и Саудиска Арабија по 11 години.
На средбата, на која се разговараше за развојот на билатералните односи и регионалната соработка, двајцата лидери се договорија подоцна подетално да разговараат за овие прашања.
На 10 март, по седум години, Иран и Саудиска Арабија одлучија да ги нормализираат односите. Раиси и Бин Салман првпат разговарале по телефон на 12 октомври, откако ги воспоставија односите.
Пронајдете не на следниве мрежи:



